Египќаните во Охрид не даваат поддршка на ниту една политичка опција

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Здружението на Египќани „Пирамида“, синоќа се одржа собир на кој присуствуваа голем број граѓани. Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

„Колеги, соработници, комшии, пријатели, другари, драги египќани, вечерва сум исклучително почестен, што ми пружавте можност да се обратам на овој прекрасен настан, за што од се срце ви благодарам, пред се на здружението на египќани „Пирамида” од Охрид и секако на неговиот претседател Арбен Демироски Бено. Кој се гледа дека вложил голем напор за овој настан вечерва да изгледа вака величенствено и за тоа од срце му благодарам. Ова е заедница во која што и јас како граѓанин на Охрид, само како Никола Бакрачески се поистоветувам , бидејќи во ваква заедница сум го поминал своето детство, во ваква заедница сум одраснал и во ваква заедница ќе продолжам да живеам и тоа гордо на секого пред сите можам да го кажам“, рече градоначалникот Бакрачески.

2

Претседателот на здружението Арбен Демироски– БЕНО во својот говор потенцира:

„Денес за жал Египќаните се наоѓаат во крстосница помеѓу високата демократија, уставот и законските одредби и меѓу одредени политички субјекти и структури кои си земаат за право да не закочат во остварувањето на правата кои уставот ни ги гарантира за на сеопфатен развој. Тоа најчесто се случува во овој период на предизборие кога во Египќаните гледаат како објекти за моментална корист за да ги задоволат своите апетити за власт. Но, тоа само ќе не охрабри да ги игнорираме таквите игри се додека не сфатат сериозно дека ние нема да дадеме никаква поддршка за ниту една политичка опција“, рече Демироски.

Тој додаде дека целта на овој собир е зачувување на културниот идентитет , и понатамошно афирмирање на египќаните во Охрид и Македонија.