Кандидатот за пратеник на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во ИЗ5, Владимир Каневчев денес во просториите на изборниот штаб на Коалицијата, на улицата „Партизанска одржа прес – конфернција.
„На поголем број охриѓани, посебно средните генерации сеуште ни се свежи сеќавањата од крајот на 90-тите години. Охрид во тој период беше главна туристичка метропола во Македонија, а особено 98-мата година, тогашната Влада на Р.Македонија се посвети токму на Охрид, на реставрација на сето културно богатство, почнувајќи од изградбата на свети климентовиот храм Плаошник, реставрација на сите останати цркви, Самуиловата тврдина и целиот стар град, кој воедно може да се нарече и град-музеј, а да не зборуваме за реконструкцијата и модернизацијата на целото централно градско подрачје, па и пошироко. Најзначајно е тоа што во тој период секојдневно се менуваше ликот на Охрид, но никаде не гледавме нити сечење на ленти, реклами по медиуми, нити ветувања од стилот „ќе“. Има уште безброј работи кои од аспект на културен, архитектонски и економски план беа направени во тој период. За сите тековни работи кои се обврска на Локалната самоуправа се сечат ленти. Промената на старите улични со ЛЕД светилки кои буквално го затемнаа градот во вечерните и ноќните часови, нестручно изградените кружни текови, плоштадот кај Мини-маркет кои постојано е под вода поради излевање на фонтаната и други такви слични изведби, за кои се потрошени огромни суми на пари, далеку од нивната вистинска вредност, се прикажуваат како најголемите инвестиции за градот. Од вистинските инвестиции кои беа најавувани на минатите локални избори останаат само видео-анимациите, а прашање е дали и тие се веќе избришани.“– рече Каневчев.
Како што рече тој, кога станува збор за туризмот, според него треба повеќе да се стави акцент на секојдневните посети на Охрид од македонските граѓани кои некогаш го полнеле Охрид, речиси секој викенд во огромен број, како за одмор и рекреација, така и за разните културно-забавни случувања.
„Каде исчезна културно-забавниот живот во Охрид во последните години? „Охрид во 90-тите години беше град-центар каде што секојдневно се случуваа разни настани било во лето или во зима. Со полна пареа работеа клубовите, а таму се случуваа безбројни културно-забавни манифестации, модни ревии, гостувања на познати звучни имиња како од домашната така и од странската музичка естрада. Каде е денес сето тоа? Естрадните уметници едвај ги чекаат парламентарните или локалните избори, за да бидат ангажирани од одредени политички партии при изборните кампањи како не би биле заборавени од јавноста. За масовното иселување на младите па и повозрасните од Македонија, можам само да потврдам дека Охрид е рекордер во однос на другите градови. А зошто е тоа така? На тоа прашање нека дадат одговор носителот и кандидатите за пратеници од петтата изборна единица од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Не само што го тврдам ова, тоа се покажа и во минатото, дека луѓето кои ја предводат коалицијата ВМРО за Македонија, посебно Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски се вљубеници во Охрид. Љубчо Георгиевски во периодот од 1998-2002 година во поголемиот период од обавувањето на својата премиерска функција, не само што се посвети на воскреснување и обновување на градот, туку и дел од своите политички обврски, пред се средбите со високи странски политички функционери и амбасадори ги организираше токму во Охрид.“– рече Каневчев.
WebOhrid