ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска вечерва во Охрид да дадете одговор за целокупното економско разорување на градот

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција во врска со денешната изјава на  носителката на кандидатската листа на СДСМ во ИЗ5 Радмила Шекеринска. Во неа стои:

„Почитувана г-ѓо Шеќеринска, додека напразно се фалите самите на себе за наводни успеси и присутност на вашите собири, очигледно заборавате дека сте прозвана неколку пати да одговорите на прашањата кои Ви ги упатуваме.

Затоа уште еднаш Ве повикуваме вечерашнава прилика во Охрид, во градот во кој оставивте економски пустош да дадете одговор за целокупното економско разорување на градот Охрид. Меѓутоа, исто така важно е да дадете одговор и на веќе неколку пати поставените прашања во однос на Вашиот став за федерализацијата и кантонизацијата на Македонија со што би се нарушила унитарноста на целата земја. Кажете го Вашиот став пред охриѓани за употребата на двојазичноста на целата територија на Република Македонија, како што вели Вашиот лидер во некоку медиумски изјави. Од како ќе дадете одговор на овие прашања, дури тогаш ќе можеме сериозно да дебатираме во однос на севкупните ваши нереални проекти кои ги ветувате и она што ВМРО ДПМНЕ го има во програма РЕАЛНО за 2017 – 2020 година.“ – стои во реакцијата.