Ова не се избори за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку за Македонија, порача Заев од Охрид

Лидерот на СДСМ Зорав Заев, вечерва на митингот на Коалицијата За живот во Македонија, на митингот во Охрид рече дека ќе успеат да освојат пет до 10 пратенички места повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и оти ќе си одржи зборот и дека вистината во Македонија нема да остане скриена.

„Ветувам дека Не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој го уби Никола Младенов, Мартин Нешковски, четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Диво насеље. Секоја земја има обврска се да се открие и да има правна разврска . никогаш веќе без правда во Македонија“ – рече Заев.

Тој рече дека ќе се вратат сите украдени пари од земјата и оти на Триумфалната капија во Скопје ќе постави бројчаник кој ќе врти за секоје евро, секоја пара што ќе биде вратена.

Тој се рече дека проблемот со евроинтеграциите и со соседите е во лошата политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев претходно во Дебар рече ги повика административните работници, примателите на социјална помош и примателите на субвенции да не се плашат повеќе од притисоци и закани и да се приклучат без страв во борбата за нов живот во Македонија.

„Ова не се избори за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, ова не се избори за политички партии, ова се избори за нас, за нашите деца, за нашите внуци. Ова се избори за нашиот живот, тука во Македонија. На 11-ти декември да го заокружиме бројот 4 и да ги вратиме слободата, демократијата, правдата и животот на сите“, порача претседателот Заев од митингот во Дебар.

Извор: meta.mk