Интерактивна работилнца за борба против ХИВ/СИДА во ОУ„Христо Узунoв“

Во текот на Неделата на борба против ХИВ/СИДА врсничките едукатори од Црвен крст Охрид вчера реализираа интерактивна работилница во ОУ„Христо Узунoв“, Охрид. Целта беше подигнување на свеста кај учениците за опасностите, предрасудите и превентивата од вирусот ХИВ како и други сексуално преносливи инфекции. 

GE DIGITAL CAMERA

На работилницата присуствуваа ученици од 9-то дделение кои преку интерактивни вежби стекнаа нови и ги проширија своите знаења за ХИВ/СИДА и СПИ.

„Ова е уште еден успешно реализиран проект помеѓу Црвениот Крст – Охрид и ОУ Христо Узунов – Охрид. Ваквите реализирани предавања и работилници се мошне од голема важност за нас како училиште и за нашите ученици. Сакам јавно да ја изразам благодарноста на Црвениот Крст – Охрид за досегашните реализирани проекти во нашето училиште“ изјави директорот на ОУ Христо Узунов Тони Симоновски.

GE DIGITAL CAMERA

WebOhrid