Имајќи во предвид дека успехот на туристичката дестинација во голема мера зависи од начинот на презентирање на истата и достапноста до информациите со кои располагаат туристите кои доаѓаат во Охрид, на аголот меѓу улиците„ Македонски просветители“ и „ Партизанска“ поставен e новиот типизиран туристички инфо центар, каде туристите ќе можат да ги добијат сите потребни информации за туристичката понуда на градот, податоци за расположливите сместувачки капацитети и информации за актуелните настани во градот.
Со цел да се зголеми протокот на информации до туристите кои престојуваат во Охрид , а имајќи во предвид дека ова место е едно од најфеквентните локации во летниот период, Секторот за туризам и ЛЕР ја избра оваа локација како најсоодветна за поставување на туристичкиот инфо центар.
Поставувањето на новиот Инфо центар, надограден со елементи карактеристични на охридската едрилица, е во рамки на проектот„WaterNet“, а во периодот шо следи ќе биде извршено и ентериерно уредување на објектот. Веднаш по завршувањето на активностите Инфо центарот ќе биде пуштен во употреба.