ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реација во врска со прес-конференцијата на Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Во неа стои:
„Искрено сакаме да веруваме дека прес конференцијата на ВМРО за Македонија претставува само еден обичен паушален обид на поединци во самата коалиција за придобивка на ситни политички поени. На ваквиот пристап на компарација кој и што направил, само господата од Народна нека направат ретроспектива на осумгодишното пустошење на градот Охрид во кое и тие самите беа учесници како дел од советот на општина Охрид во коалиција со СДСМ. Кога изигруваа сателити и неми послушници на погубните политики на СДСМ во градот Охрид. И ова можеби е за вас локална тема, но во суштина преставува одраз на вашиот начин на работа. ВМРО ДПМНЕ искрено верува дека со денешната прес конференција на ВМРО за Македонија не се согласува поголемиот дел од нивното членство и оваа прес конференција непреставува вистински одраз на ставовите на поголемиот дел од нивното членство.
Но исто така се знае дека ВМРО ДПМНЕ преставува сериозна политичка партија која се залага за развој не само на градот Охрид туку на сите општини во целост. Впрочем ваквата политика е добро согледана од целокупната јавност и презентирана преку победа на неколку последователни изборни циклуси.
ВМРО ДПМНЕ преку својата отчетност и програма РЕАЛНО прави општествени добра кои се препознатливи и јасни и за поголем дел од членството и на т.н коалиција ВМРО за Македонија.
Тоа ќе биде поткрепено и на 11 декември кога ВМРО ДПМНЕ ќе добие апсолутно мнозинство од 63 пратеници.“– стои во реакцијата.