Продолжува проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето

Проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, во Охрид се спроведува во основното училиште ”Братство Единство” и во Средното Општинско Стручно Училиште ”Свети Кирил и Методиј”, под покровителство на Швајцарската фондација ”Pestalozzi”, Коалицијата на младински организации ”СЕГА”, од Прилеп и Младински Совет Охрид.

Оваа година во двете училишта во Охрид во кои се работи проектот беа избрани нови деца правобранители, и тоа: во основното училиште “Братство Единство” избрани се тројца правобранители во паралелките на Македонски, на Албански и на Турски јазик, нивни заменици, а додека пак во С.О.С.У “Свети Кирил и Методиј”, беа избрани едно дете правобранител и двајца заменици.
Во периодот Септември – Октомври 2016 година, откако беше извршен нивниот избор, децата правобранители учествуваа и на изборите на ученички заедници во нивните училишта, како и во подготовките за реализација на малите проектни грантови кои кои Коалицијата “СЕГА” им ги доделува на двете училишта.

Исто така, во текот на месец Октомври тие учествуваа и на дводневна обука за деца правобранители во Струга, каде што обучувач беше и заменичката народен правобранител, госпоѓата Васка Бајрамовска – Мустафа, и каде што имаа можност да се запознаат и со нивни соученици од други училишта и градови и да стекнат нови искуства и знаења.

Во рамки на своите активности, во текот на месец Ноември, тие имаа задача да спроведат по две работилници за креирање годишна програма на училиштата и за дебата, активизам и истражување. Меѓу другото, во двете образовн институции беа организирани и презентации на моделот дете правобранител, на кои учествуваа вкупно 77 ученици.

Активностите на децата правобранители продолжуваат, до крајот на учебната 2016/2017 година.

4 6 9