ЈП „Охридски Комуналец“со активности пред претстојниот празник

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности, согласно програмата за одржување на манифестации, овие денови вонредно  се ангажирани со поинтензивни активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило, информираат од претпријатието.

„Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености. Се чистеше градскиот плоштад, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја. Исто така се чистеше и ул. „Железничка” од наноси на песок и земја, се искоси тревата на тротоарите, ивичњаците и покрај жардињерата помеѓу двете коловозни ленти. Се изврши украсување на градот со знамиња за претстојниот празник, како и замена поради дотраеност на старите јарболски знамиња со нови во градскиот парк.“– додаваат оттаму.

fotorcreated-1