Свечена академија по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе се обрати на свечената академија по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.

Во рамки на свечената академија, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе го одликува г. Јован Таковски со „Медал за заслуги за Македонија”. Одликувањето на г. Таковски му се доделува за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот.