Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за празникот Св.Климент Охридски

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид упати честитка по повод денешниот празник „Св. Климент Охридски”. Во неа се вели:

„Денешниот пресветол ден посветен на Св. Климент Охридски преставува симболика на најзначајните духовни и световни вредности. Ден кога ги празнуваме Светиклементовите дејанија преку кој се поставени основните принципи на духовноста, писменоста и хуманоста.

Упорноста и трудот на Св. Климент Охридски во ширењето на писменоста и продолжување на делото на браќата Св. Кирил и Методиј преку различните мисии и апостолските дејности докажуваат за посветноста кон она што значи зацртана цел со општа порака за подобар свет.

Токму делата на Св. Климент треба да не водат понатаму низ животот и да ни преставуваат водилка кон зачувување на вредностите кон кој треба да се стремиме сите ние. Вредности на човекољубие и хуманост кон секој, како основа на христијанството со што би се дошло до просперитет.

Св.Климентовите принципи и дела треба да се почитувааат како аманет оставен од генерациите пред нас за пренесување кон идните генерации.“– стои во честитката.