Претседателот Иванов го одликуваше Јован Таковски со „Медал за заслуги за Македонија”

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на Свечената академија по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски, го одликуваше г. Јован Таковски со „Медал за заслуги за Македонија”.

Одликувањето на Таковски му се доделува за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот.

„Му благодарам на Бога, на неговата премудра промисла која ме раководеше во текот на целиот мој живот, како и на св. Климент кој, во еден значаен момент, ми даде знак дека го цени и благословува трудот што го вложувам во негова слава “, рече Таковски по доделувањето на одликувањето.