Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, присуствуваше на Свечена литургија во Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Св. Климент Охридски”.
Во рамки на одбележувањето на 8 Декември – Свети Климент Охридски, претседателот Иванов положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во Скопје.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е покровител на чествувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, во чии рамки годинава беа одржани повеќе академии, бројни научни собири, ликовни изложби, културни манифестации и симпозиуми.