Арнаудов и Василевски: Народот во недела ќе ја даде поддршката на исправните политики на ВМРО-ДПМНЕ

„Еве веќе тука сме собрани на Светиклиментовиот плоштад во Охрид да ја најавиме новата победа на ВМРО-ДПМНЕ, во недела со 63 пратеници. Двегодишна криза во којашто сите се измачувавме, најмногу страдеше нашиот народ, место да се развива економски, ние бевме фокусирани на политички проблеми кои на сите ни направија штета. Во недела очекувам народот да излезе масовно и едногласно да ги поддржи политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои политики се во интерес на граѓаните на Република Македонија, на граѓаните на градот Охрид и се заложува за економски развој, целовита Македонија и за просперитетна Македонија“. Ова го изјави кандидатот за пратеник во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Љубен Арнаудов.

Кандидатот за пратеник во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изрази благодарност до сите сите граѓани и поддржувачи, за како што рече проактивната работа во изминатите три недели.

izjavasasovasileski

„Во изминативе три недели посетивме над 8.000 домови, бевме прекрасно примени и граѓаните на Охрид ја дадоа пораката: Македонија треба да биде унитарна, самостојна, со македонски јазик, Македонија да биде просперитетна, за сигурни, редовни и зголемени пензии, за сигурно, напредно, бесплатно здравство, за сигурно, проширено школство, за нови инвестиции, нови вработувања, нови перспективи, Охрид градот на светлината, градот на Климент, на Наум, да биде град на просперитетот, да се вратат перспективите на младите, тоа ние го ветуваме и затоа народот во недела, на 11-ти декември ќе ја даде поддршката на исправните политики на ВМРО-ДПМНЕ, на Коалицијата „За подобра Македонија“ и ќе ја даде поддршката за нашиот иден премиер Никола Груевски, кој успешно ќе ја води државата во следните четири години“, изјави Василевски.

WebOhrid