Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра 1:1 против Франција

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра блескава партија против Франција во Ле Ман за 1:1 во натпревар од шестиот круг од квалификациите за Европското првенство. Храброста, борбеноста, мотивираноста за победа го красеше тимот на Благоја Милевски и на овој натпревар. Нашиот селектор вели дека играчите потврдија дека можат да се носат со притисокот кој сам по себе се наметнува на ваков натпревар.

„Момците одиграа херојски натпревар, силно се бореа, веруваа во себе и на крајот успеавме да одиграме за честа на Македонија. Рековме дека доаѓаме во Ле Ман да се надигруваме и успеавме во тоа, игравме на победа против состав за кои многумина сметаат дека е најталентираниот во Европа. Честитки за нашите фудбалери, уште еднаш покажаа како се игра за националниот дрес. Во однос на играта, сето договорено пред натпореварот играчите го спроведоа во целост, беа на нивото на натпреварот, покажаа дека можат да се носат со притисокот што го носи ваков тип на натпревар, а за нас како стручен штаб тоа е многу важно. Благодарност за сите кои искрено не поддржуваа, се надевам дека сега и другите не гледаат поинаку, играчите заслужија почит“, – изјави селекторот Милевски.