Корупцијата е комплексен социјален, политички и економски феномен кој влијае на сите држави. Корупцијата ги поткопува демократските институции, го забавува економскиот развој и придонесува за нестабилноста на државата. Корупцијата ја напаѓа основата на демократските институции, искривувајќи ги изборните процеси, го менува владеењето на правото и создава бирократски калишта чија единствена причина за постоење е регрутирање на мито. Економскиот развој е во застој бидејќи странските директни инвестиции се обесхрабрени и малите бизниси во земјата најчесто е невозможно да ги надминат стартните трошоци кои се бараат поради корупција.
На 31 октомври 2003 година, Генералното собрание ја донесе Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата и побара Генералниот секретар да ја назначи Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), како секретаријат за конференцијата на државите членки (резолуција 58/4 ) на Конвенцијата. Собранието исто така, го одреди 9 декември како Меѓународен ден за борба против корупцијата, за да се подигне свеста за корупцијата и за улогата на Конвенцијата во борбата против корупцијата и нејзино спречување. Конвенцијата стапи на сила во декември 2005 година.
Оваа година, меѓународната кампања се фокусира на корупцијата како една од најголемите пречки за постигнување на одржлив развој.
WebOhrid