Најмлади членови извидници свечено дадоа извиднички завет

Врз основа на програмата на Извидничкиот Одред Пионер, денес, а по повод Патрониот празник на нашиот град Охрид, во Извидничкиот Центар, нова генерација на развигорци (најмлади членови извидници) во присуство на своите родители свечено дадоа извиднички завет и ја добија извидничката марама.

Симболиката на давање на извидничкиот завет датира од самото основање на извидништвото од далечната 1907 година чиј текст е унифициран и во него се содржани основните начела на извидничката организација. Извидникот при тоа се обврзува да ги почитува извидничките закони, да им помага на луѓето, да ја запознае и сака својата Татковина и да ги разбере духовните вредности.

По давањето на заветот извидниците и официјално се примаат во големото извидничко семејство и продолжуваат да живеат под мотото ЕДНАШ ИЗВИДНИК-ЗАСЕКОГАШ ИЗВИДНИК.

„Како за другите тековни активности, така и за овај настан нашиот одред во континуитет добива признание од Сојузот на извидници на Македонија и од институциите од европско и светско ниво со што активно придонесува Охрид да биде картата на градови во кои извидничкиот дух живее и опстојува. Со приемот на нови и најмлади членови во редовите на одредот членството се зголемува со што се зголемуваат потребите за соодветни услови за работа со децата. Преку нашиот труд и досегашен успех апелираме до надлежните од нажиот град за изнајдување на соодветен простор за работа на извидниците во градското подрачје,простор во кој ќе можат самостално и непречено во текот на денот децата да творат и ги покажат своите научени вештини, да се дружат и споделуваат знаење.“–  вели Зоран Костоски, Старешина на ИО.Пионер.