Милошоски: Досега зборуваа политичарите, во недела ќе го имаме гласот на народот

Би сакал тука, од Охрид, од градот каде што ја почнавме оваа изборна кампања, да дадам и една завршна изјава: Која е нашата порака до македонските граѓани? Имавме две години политичка криза, сега имаме уште два дена да ја решиме таа криза. Со достоинствени и мирни избори, со почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани и нашите цели се: стабилна Македонија, унитарна Македонија, со еден официјален јазик, со политичка стабилност и со желба и план за економски напредок. Ова е пораката што ја испрати денес од Охрид на завршниот ден од изборната кампања, носителот на листата од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

govorantoniomilososki01

„ВМРО-ДМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од она што го имаат како сознание, од терен, од средбите со граѓаните е дека ќе имaме извесна и уверлива победа“. Ги покануваме сите оние коишто сакаат да победи стабилна, унитарна и економски напредна Македонија да ни се придружат. Досега зборуваа политичарите, во недела ќе го имаме гласот на народот. Гласот на народот одлучува за Република Македонија. Да живее Република Македонија, да имаме 63 пратеници, стабилно собрание и да продолжиме со конкретни проекти во интересн на сите граѓани. “– рече Милошоски.

govorantoniomilososki03

WebOhrid