Започна гласањето за предвремените парламентарни избори

Денеска во Македонија се одржуваат предвремените парламентарни избори, на кои, право на глас имаат 1.784.416 граѓани кои се запишани во Избирачкиот список.

Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици.

Вкупниот број на гласачи по изборни единици (ИЕ) е следниов:

– ИЕ 1: 295.948

– ИЕ 2: 306.471

– ИЕ3: 280.727

– ИЕ 4: 282.537

– ИЕ 5: 290.433

– ИЕ 6: 307.817

Гласачките места треба да бидат отворени точно во седум часот, а гласањето трае до 19 часот.

Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка ученичка и студенска легитимација и друго.

За првпат на овие избори изводите од Избирачкиот список ќе содржат и фотографии од гласачите. Личните фотографии ќе бидат во форма како на личната карта или пасошот.

Доколку утврдат дека избирачот го нема во изводите од Избирачкиот список, членовите на Избирачкиот одбор се должни да го упатат во надлежното подрачно одделение на ДИК и да ја посетат интернет-страницата https://izbirackispsiok.gov.mk/ за да се провери дали тој е запишан во Избирачкиот списоки и доколку е, во кое избирачко место може да гласа.

Ова се деветти парламентарни извбори на кои учествуваат шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.

Извор: meta.mk