Преземени мерки и активности во врска со пријавени и регистрирани настани и неправилности во текот на гласањето збирно до 19 часот

Министерството за внатрешни работи преземаше и презема мерки и активности во врска со пријавени и регистрирани настани и неправилности како и нерегуларности во текот на гласањето до 19,00 часот.

Збирна информација:

Во СВР Скопје поднесени се две кривични пријави за сторени две кривични дела „уништување на изборни исправи“ против две лица од Скопје.

Покрај ова обезбедени се материјални докази и во тек е документирање на пет кривично правни настани на подрачје на СВР Струмица (Валандово и Струмица), СВР Велес (Кавадарци), СВР Куманово и СВР Битола. Се однесува на основано сомневање за кривични дела „повреда на тајност на гласање“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „спречување на избори и гласање“, „уништување на изборни исправи“, „насилство“ и „оштетување туѓи предмети“.

По однос на констатираните прекршоци на подрачјето на СВР Скопје издадени се два прекршочни платни налози за управување возило без возачка дозвола“ на двајца малолетници.

Констатирани се и два прекршока -„омаловажување на службено лице“ и и еден „карање, викање и непристојно однесување “по ЗППЈРМ (на подрачје на Кичево, Крушево и Велес), како и осум прекршоци „користење на мобилен телефон за сликање на гласачко ливче“ по Изборниот законик(Скопје-три, и по еден од Куманово, Велес, Битола, Крушево и Тетово) за кои дополнително ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка.

Во тек е постапување по 38 настани ( Скопје-20, Битола-пет, Велес-пет, Струмица-четири, Велес-два и Тетово-два). Се работи за : седум се за наводен поткуп, 14 се за агитирање околу избирачките места и организирано носење гласачи, пет се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, додека останатите се однесуваат на обид за полнење кутии, навреда на заменик член на Избирачки одбор.

По преземени мерки од страна на полицијата за 22 настани (Скопје-девет, Охрид-осум, Куманово-три и по еден Тетово и Струмица) утврдено е дека нема такви настани;

Исто така, заради обид за фотографирање гласачки ливчиња, предизвикување расправии во близина на партиски штабови на подрачје на СВР Куманово и СВР Скопје предупредени се две лица.

Во текот на денот заради расчистување на настани приведени се 18 лица и тоа:

· за сомненија за сторени кривични дела приведени се –осум (Струмица-шест и по едно во Прилеп и Велес);

· за сомненија за сторени прекршоци по Изборниот законик приведени се седум лица (Скопје-четири, Битола-две и еден на подрачје на Тетово);

за сторени прекршоци по ЗБПС приведени се две малолетни лица на подрачје на Скопје;
· за сторен прекршок по ЗППЈРМ приведено е едно лице на подрачје на Велес.

Исто така, во шест случаи (Тетово, Гостивар, Радовиш и Прилеп) пријавени се злоупотреби од страна на полициски службеници, за што мерки се преземени од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Во два случаи на подрачје Гостивар и Тетово не се основани наводите по пријавите, во два случаи на подрачје на Гостивар нема докази со кои се потврдуваат или отфрлаат наводите, додека во два случаи на подрачје на Прилеп и Радовиш во тек се мерки и активности.