Охрид блесна во новогодишен сјај

Изминативе неколку денови, службите на општина Охрид и дел од јавните претпријатија работеа на украсувањето на градот за новогодишните пранизници. Речиси целосно е украсено централното градско подрачје, а во претстојниот период ќе се украсуваат и останатите делови од градот.

За многу скоро се очекува целиот град да блесне во препознатливиот предновогодишен амбиент.