Вчера околу 21:55 часот во Струга, во кругот на ПС ОН Струга И.М. (27) од Струга физички нападнал полициски службеник кој бил на работното место обезбедување на полициската станица.
Во наведеното време во кругот на полициската станица влегло ПМВ „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ж.П. од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил кон возилото со цел да праша со која намера ПМВ го паркирал во кругот на ПС. Притоа, од совозачкото место излегол И.М. и без никаква причина упатил закани и физички го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Од страна на полициски службеници биле употребени средства за присилба, при што истиот е лишен од слобода и задржан во СВР Охрид. Против И.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.