НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А. (56) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа Тетово. На 02.12.2016 година во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот при расправија со остар предмет му нанел телесна повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево.