На 19ти декември (понеделник) во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој празник.