Ќе се врши наддавање за организатор на финалниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Македонија, што ќе се одржи на 18.01.2017 година во 12 часот во просториите на МКФ.

  • Почетната сума за организација на Купот изнесува 500 000 денари.
  • Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на жиро сметката на Здружението на Сениорски лиги.

На Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела на првенството во Првата женска лига, по следниов распоред:

Четвртфинални натпревари:

20:00 4-5 Д
18:00 3-6 Ц
15:30 2-7 Б
13:00 1-8 А

Полуфинални натпревари:

13:00 1-4 А Женски куп
15:30 2-3 Б Женски куп
18:00 А-Д ф
20:30 Б-Ц Г

Финални натпревари

А-Б Финале на Купот (Жени)
Ф-Г Финале на Купот (Мажи)

Организаторот на Финалниот турнир за Купот на Македонија кој ќе се одржи од 17 до 19 февруари 2017 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и Прирачникот за организација на Финалниот турнир.