Нова победа за КК „АВ Охрид“. Вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ охриѓани го пречекаа „Вардар“ во дерби натпреварот за врвот од табелата во Втората македонска кошаркарска лига.
Првото полувреме му припадна на Вардар, во кое гостите прикажаа добра, цврста игра и сосема заслужено заминаа на полувреме со предност.
Но, сепак крајот го краси делото. АВ Охрид прикажа далеку подобра игра во второто полувреме. Играта на Вардар спласна во завршницата на натпреварот, а од друга страна АВ Охрид поентираше, ја зголеми предноста и успеа да победи со 83-75.
По одиграни шест натпревари во Втората кошаркарска лига, „АВ Охрид“ е единствениот тим кој има шест победи, а исто така е и најефикасен тим со дури 541 постигнат кош.
WebOhrid