Претставници од ОУ „Христо Узунов“ дел од прославата по повод Јубилејот 70 години СЗТКМ – Народна Техника на Македонија

Претставници на ОУ„Христо Узунов“ на 16ти декември учествуваа на прославата по повод Јубилејот 70 години Сојуз на здруженија за техничка култура на Р.Македонија (СЗТКМ) – Народна Техника на Македонија. Покровител на настанот беше претседателот на Р.Македонија д-р Ѓорге Иванов. По тој повод основното училиште „Христо Узунов“ доби признание за досегашната соработка и досегашните високо постигнати резултати на натпреварите организирани од СЗТКМ -Народна техника на Македонија.