Средношколци од „Ванчо Питошески“ подготвија храна за старите лица во Геријатрија

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид по повод Новогодишните празници во рамките на проектот „Да подадеме рака“, ги посетија старите и изнемоштени лица во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид, Одделението за геријатрија.

Специјално за оваа пригода за згрижените стари лица учениците и професорите од срце за среќна новогодишна насмевка и радост подготвија различни видови колачи, пирошки и кифли.

3

Им посакаа добро здравје и среќа во годината што доаѓа. Ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

1