Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој беше тешко ранет во оружен инцидент што се случи во понеделник во Анкара, почина во болница.
Во нападот неколку луѓе се ранети.
Ал Џезеира јави дека амбасадорот бил застрелан од непознат маж во пределот на грбот.
Нападот се случил по неколкудневните протести во Турција заради улогата на Русија во Сирија, иако сега официјална Москва и Анкара соработуваат во евакуацијата на цивилите од Алепо.
Снимките што ги објави дневниот весник Hurriyet покажуваат најмалку двајца мажи како лежат на подот, а еден маж им се заканува со огнено оружје.
Нападот се случи во големиот изложбен простор Cagdas Sanatlar Merkezi во Анкара, во делот каде што се наоѓаат повеќето странски амбасади.
Извор: makfax.com.mk