Меѓународен ден на човековата солидарност

Генералното собрание на Обединетите нации, на 22 декември 2005 година, со резолуцијата 60/209 ја идентификува солидарноста како една од основните и универзални вредности што треба да придонесуваат за односите меѓу народите во дваесет и првиот век, а во таа смисла одлучи да го прогласи 20 декември како Меѓународен ден на човековата солидарност.

Со резолуцијата 57/265 Генералното собрание, на 20 декември 2002 година, го основа Светскиот солидарен фонд, кој беше формиран во февруари 2003 година, како фонд на Програмата за развој на Обединетите нации. Неговата цел е да се искорени сиромаштијата и да се промовира човековиот и социјалниот развој на земјите во развој, особено меѓу најсиромашните делови од нивното население.

Оваа година одбележувањето на Денот на човековата солидарност доаѓа откако беа усвоени целите за одржлив развој, што е нова агенда за развој, за искоренување на сиромаштијата, заштитата на планетата и да се обезбеди достоинство за сите.

Новата агенда се однесува на луѓето и планетата, базирана на човековите права и поддржана од страна на глобалното партнерство решена да ги издигне луѓето над сиромаштијата, гладта и болестите. Тоа ќе се гради врз основа на глобалната соработка и солидарност.

Меѓународниот ден на човековата солидарност е:

  • ден за прослава на нашето единство во различноста;
  • ден да ги потсетиме владите да ги почитуваат своите обврски кон меѓународните договори;
  • ден за да се подигне јавната свест за значењето на солидарноста;
  • ден да се поттикне дебата за начините за промовирање на солидарноста за постигнување на Милениумските цели за развој, вклучувајќи го и искоренувањето на сиромаштијата;
  • ден за акција за да се поттикнат нови иницијативи за искоренување на сиромаштијата.

„Глобалните проблеми бараат колективни решенија. Во време на поделеност на многу клучни глобални прашања, од вооружен конфликт до принудна миграција, луѓето треба да се свртат кон едни со други во заедничка цел, а не во страв и подалеку едни од други.“ – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

WebOhrid