Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија

Денес се одржа настанот „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“, кој беше организиран од МладиИнфо во соработка со партнерските организации: Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Prima Association (Црна Гора), MladiInfo International (Македонија), Center for Change and Conflict Management (Албанија) и Community Volunteers Foundation (Турција).

Во првиот дел од настанот беа презентирани истражувања поврзани со младинското учество во економскиот, политичкиот и социјалниот живот, а вториот дел опфати презентација на владините политики во областа на младите и вработувањето.

На настанот беше презентиран процесот на Националната стратегија за млади 2016-2025, како еден од најотворените и најтранспарентни процеси кои се одвиваа во нашата држава во нашиот период, а истовремено беа презентирани и процесите на изработка на Акцискиот план за имплементација на НСМ (2016-2017) и мониторинг систем за евалуација и следење на активностите од Националната стратегија за млади и Акцискиот план, кој Агенцијата за млади и спорт го спроведува во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Настанот е дел од регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, кој се одвива во Србија, Албанија, Македонија и Турција.