Министерот Спасовски се запиша во Книгата на жалост во амбасадата на Руската федерација

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се запиша во Книгата на жалост отворена во Амбасадата на Русија по повод трагичната смрт на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Турција, Неговата екселенција Андреј Карлов, кој беше убиен во понеделникот во Анкара.

Министерот Спасовски го изрази своето жалење и сочувство до рускиот народ и семејството на амбасадорот Карлов и најостро го осуди ваквиот срамен и кукавички чин.