Со свој настап во рамки на предновогодишната програма на Градскиот плошдат, денес, се претставија учениците од ОУ „Кочо Рацин“, кои имаа подготвено посебна културно уметничка програма. Изминатите денови со свои точки се претставија учениците, ОУ „Св. Климент Охридски“, дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“ и членовите на студиото за танцови „Соната“.
Утре со своја културно уметничка програма ќе се претстават учениците од ОУ „Живко Чинго“. Предновогодишната програма се одвива секој ден до 31 декември, од 12 до 14 часот.