Младиот репрезентативец Кире Маркоски на дружба со основците од „Христо Узунов“

Кире Маркоски, еден од националните фудбалски херои на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, која избори пласман на претстојното европско првенство во 2017 година, во Полска, денес престојуваше и се дружеше со учениците од ОУ „Христо Узунов“, каде што тој го завршил своето основно образование.

Македонскиот репрезентативец Маркоски, делеше автограми за учениците, како и се фотографираше со нив.

„Кире е наш ученик и првите школски чекори се до завршувањето на основното училиште ги помина овде во ОУ „Христо Узунов“. Учениците се дружеа, му поставуваа прашања, од колку години почнал да тренира, во кои клубови играл, за неговите почетоци, но и за сегашните успеси во ФК Работнички кај што игра во репрезетацијата до 21 година.“– велат од училиштето.

Оттаму додаваат дека учениците и вработените во училиштето на македонскиот фудбалер му посакале успешна кариера и среќни Новогодишни и Божиќни празници.