Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со УПВНМ Лагадин – Пештани за БЛОК 3 и дел од БЛОК 4 КО Пештани, плански период 2012-2017, општина Охрид, донесен со одлука на Совет на општина Охрид бр. 08-689/6 од 28.01.2015 година, со намена за изградба на А4 – времено сместување со компатибилни класи на намени Б1 и В2 до 30%, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, висина до венец и катност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, бруто развиена површина, коефициент на искористеност, процент на изграденост, почетна утврдена цена по м2 вкупна почетна утврдена цена и банкарска гаранција.
Табеларен преглед за градежната парцела која ќе биде предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање согласно УПВНМ Лагадин – Пештани за БЛОК 3 и дел од БЛОК 4, КО Пештани, плански период 2012-2017, општина Охрид:
ОБЈАВА број 6/16 од 29.12.2016 година
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Охрид