Снег вее на повисоките места во земјава

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Маврово, Штип и Делчево, како и на планинскиот премин Плетвар, информираат од АМСМ.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.