Охриѓанец нападнал полициски службеник во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

На 28.12.2016 година во 15.30 часот во Охрид, полициски службеник од ПС Охрид бил физички нападнат од лицето М.И. (18). Во наведеното време полициски службеници отишле во средното училиште ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ по претходна пријава за нарушен Јавен ред и мир. При обид за утврдување на идентитет на лицето М.И., истиот почнал да упатува закани на едниот полициски службеник, а во еден момент физички го нападнал удирајќи го со глава во пределот на десната страна на главата.

Од нападот полицискиот службеник се здобил со видлива повреда и на истиот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид. Напаѓачот бил приведен и задржан во ПС Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.