Предновогодишна приредба во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ традиционално се одржа предновогодишна приредба, подготвена од вредните ученици од училиштето. На приредбата, на која беше присутен и Дедо Мраз, учениците се претставија со повеќе новогодишни точки. Тие ги израдуваа и насмеаа своите родители, баби и дедовци. 

На крајот од Новогодишната програма, на учениците им беа доделени и новогодишни пакетчиња.

WebOhrid