Претседателот Иванов помилува 54 осудени лица по повод Новата 2017 година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Новата 2017 година, даде помилување на 54 осудени лица, кои делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.