Над 2600 полициски службеници задолжени за безбедноста на натпреварот Реал Мадрид- Манчестер Јунајтед

Министерството за внатрешни работи ги презеде сите потребни мерки и активности со цел организацијата на Суперкуп натпреварот на УЕФА меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје да мине во најдобар ред. Ангажирани се 2.600 полициски службеници кои се задолжени за безбедноста на присутните во фудбалската арена “Телеком“, реонот околу фудбалскиот стадион и фан-зоните, каде што поголем дел од денот престојуваат навивачите на двата клуба. Според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер јунајтед и знамиња на Шпанија и Англија. Апелираме до сите кои имаат билети за следење на овој натпревар да дојдат порано на националната арена заради избегнување на непотребни гужви. На влезот се предвидени ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување на монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети.