Новогодишна честитка на градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски испрати честитка до граѓаните по повод Новата 2017 година. Во неа се вели:

Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас. Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа. Претстојните празници се можност да се потсетиме на вистинските вредности од кои произлегуваат нашите мисли и зборови, нашите дела и навики, но и нашата иднина.

Во претстојната 2017 година посакувам да ги оствариме сите планови за подобар живот, да бидеме здрави, работливи и вредни, посакувам секој од нас да се радува на своите успеси. Да се радуваме на своите успеси во професијата, на успешниот работен ден. Да се радуваме на успесите во школувањето, на стекнатото знаење и проширените погледи кон светот. Посакувам да се радуваме на проширувањето на семејството и на семејните слави и веселби.

Јас како Градоначалник на Општина Дебрца Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници. Ова се празнични моменти исполнети со најдобри желби за здравје, спокој, оптимизам и разбирање. Моменти кога празничната атмосфера не прави, поблиски до нашите семејства и пријатели.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!“- стои во честитката.

0-cestitka-nova-godina-copy-920