Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад во Охрид

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг започнa попладнево со настап на ди-џеј Аце.

Вечерва од 22:00 до 22:45 часот ќе настапи ди-џеј Нести, потоа ќе следи настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со пејачката Елена Велевска.

WebOhrid