Со огномет, песна и насмевки охриѓани, но и бројните гости Новата 2017-та година ја дочекаа на Охридскиот плоштад.
На температура неколку степени под нулата, охриѓани и гостите се забавуваа до раните утрински часови, а за добрата забава на Градскиот плоштад се погрижија пејачите Елена Велевска и Ѓоко Танески.