Во рамки на своите работни активности министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, денес (06.01.) ја посети ПС за гранични проверки Аеродром „Александар Велки“, каде што од страна на вработените во ПС беше информиран за тековните состојби во работењето на оваа полициска организациона единица од аспект на гранични проверки за влез и излез од државата, френкфенција на патници, како и низата активности што се превземаат за безбедно одвивање на авиосообраќајот. Наедно министерот Нухиу се сретна и со генералниот директор на ТАВ при што се разговараше околу соработката на полициските и аеродромски служби.