Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,70%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.12.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.12.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,718 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.12.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,827 ден/кг.