Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава (11.01) остварен е контакт помеѓу раководител на смена на ПС за ГП и ГН Богородица со раководител на смена на ГП Евзони во врска со застој при влез во Р.Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 02,00 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Р.Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.
Од ваквиот тек на настаните, во меѓупросторот, за влез во Р.Грција чекаат околу 70 товарни возила.