Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/15,129/15и 39/16),Општина Охрид, на ден година, 10.01.2017год. донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
За планскиот документ ЛУПД за Проект „Купи куќа за млади“ КО Охрид 4, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ЛУПД за Проект „Купи куќа за млади“ КО Охрид 4, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
За планскиот документ документ ЛУПД за Проект „Купи куќа за млади“ КО Охрид 4, Општина Охрид, кој плански документ го изработува Агенцијата за планирање на просторот, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ нема да има влијание врз животната средина
Одлуката заедно со формуларите за стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .