Изложбата на дела од македонски автори добиени од сукцесијата на поранешна СФРЈ во Мала станица до крајот на јануари

Со големо задоволство информираме дека „Изложбата на дела од македонски автори добиени од сукцесијата на поранешна СФРЈ“, која е поставена во објектот Мала станица во Националната галерија на Македонија, предизвика особен интерес кај македонската јавност почнувајќи од професионалната фела, кустоси, историчари на уметноста, критичари, теоретичари, уметници и, секако, љубителите на уметноста генерално, од различни целни групи.

Само во првиот ден изложбата ја видоа над 200 посетители, независно од публиката која дојде и присуствуваше на отворањето на изложбата, а ваквиот добар одѕив продолжува сè уште. Оттука, заради задоволување на барањата на публиката, сакаме да ве информираме дека изложбата ќе биде отворена до крајот на јануари.