Распустот на учениците продолжен до 23 јануари

Согласно доставената предлог мерка од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за продолжување на зимскиот распуст, а со цел спречување на опасноста од проширувањето на грипот, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука првиот ден од второто полугодие на учебната 2016/2017 година, да започне на 23 јануари 2017 година.

Со цел да се исполни законската одредба за вкупен фонд од 180 наставни дена во учебната година, двата дополнителни дена од зимскиот распуст, 18-ти и 20 јануари 2017, учениците ќе ги одработат дополнително, на 25 март и 22 април 2017 година.