Во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеџан), од 17-19 јануар 2017 во Охрид, ќе се одржува петтата меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми. Темата на овогодишната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“.
На конферецијата ќе учествуваат 57 учесници од 11 земји со свои излагања од истружувањата и сознанијата во областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјатана уметност, филогијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, псхилогијата, како и интердициплинарните помошни науки.
Исто така на ден 17.01.2017 година (вторник) во 12 часот во Спомен Домот на Христо Узунов во рамките на конфернцијата ќе се отвори и изложба на фотографии и уметнички дела под наслов „Турското уметничко наследство“ подготвено од Центарот за истражување на туркските ракотворби, при Селџук универзитетот од Конија, Република Турција.
Конференцијата е поддржана од Македонската Академија на Науките и Уметностите, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид, и од општина Охрид.
Отварањето на конференцијата ќе биде на 17.01.2017 година (вторник) со почеток во 13 часот во „Куќата на Уранија“, во Охрид.